Единаесет сообраќајки вчера во Скопје, повредени осум лица

Од:

Едно лице е тешко повредено, а седум лица се здобиле со полесни повреди во четири од 11 регистрирани сообраќајки во изминатото деноноќие на подрачјето на СВР Скопје. Шест сообраќајки се со последица материјална штета.

Сообраќајната полиција санкционирала 18 возачи за пречекорување брзина, тројца не ги почитувале светлосно сигналните уреди односно поминале на црвено светло на семафорот, 12 возачи не користеле сигурносен појас или користеле мобилниот телефон, 17 без возачка дозвола односно нерегистрирани и за 35 непрописно паркирани возила.

Со помош на специјалното возило пајак се отстранети 55 возила.

Во рамки на сообраќајно воспитниот проект „Сообраќајна култура на децата во предучилишните установи”, Одделението за превенција денеска ќе реализира едукативни работилници во објектите „Парк“ и „Кукушка“ во градинка „13 Ноември“ во објекти „ Парк “ и „Кукушка“ во општина Центар.

Би можело да ве интересира

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ