Единаесет деца се примени во болница по новиот предизвик на „Тик ток“, двајца се со скршеници на рацете

Од:

Единаесет деца се повредени и се примени во градската болница во Скопје по новиот предизвик на социјалната мрежа „Тик ток“, а двајца од нив се со скршеници на рацете, потврди в.д. директор на Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“, д-р Небојша Настов.

Како што посочи, децата се на возраст од 10 до 16 години и сите се од Скопје.

-Единаесет деца се примени во болницата заклучно со вчерашниот ден до 13 часот. Можно е и да има повеќе деца, но ова е она што ние го имаме како податок за механизам на повреда, вели Настов.

На новинарско прашање за каков предизвик станува збор, тој објасни дека станува збор за испружање на рацете во вид на „супермен“ и потоа паѓање на децата.

– Се испружаат рацете како ликот „супермен“. Групата го фаќа и го фрла предизвиканото момче или девојче во висина. Тоа е од она што мене ми објаснувале. Не сум видел и не можам да кажам точно. Има и машки и женски, деца, додаде Настов.

Тој апелира да не се прават во иднина ваквите работи, затоа што може да завршат со посериозни последици.

-За среќа, од овие 11 деца, двајца се само со скршеници на рацете, другите се со набиеници. Но, ако ова продолжи, може да има пострашни повреди. Доколку детето падне на глава, ќе има потешки повреди, додаде Настов.

Би можело да ве интересира

Осум деца од Бања Лука се повредени додека го изведувале предизвикот „Супермен“

Две деца и жена загинаа додека чекале леб во Газа

Горан Наумовски

Полицијата пронајде две мали деца на улица, децата им се предадени на родителите

Горан Наумовски

Секое трето дете во земјава живее во сиромаштија

Катерина Ѓуровски

ТикТок повторно на мета: Поднесена уште една тужба за собирање податоци за деца

A1on

Америка до Израел: Ако е вистина дека се убиени 14 деца, тие не се терористи

A1on