Еди Рама го пречека Артан Груби со пораката: census.stat.gov.mk

Од:

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби за време на вториот ден од престојот во Албанија, оствари средба со премиерот Еди Рама – информираат од кабинетот на Груби.

Првиот вицепремиер Груби му рекол на Рама дека е за поздравување фактот што меѓу двете земји немало и нема ниедно отворено прашање, но напротив скоро сите успеси билезаеднички, и чекорот кон членството во НАТО и дури сега патот кон интеграцијата во Европската Унија.

Како што инфромираат од Кабинетот Груби и Рама разговарале и за спорот што во последните месеци се реактуализира меѓу Македонија и Република Бугарија и се согласиле дека проблемите и отворените прашања меѓу соседите треба да се надминат само преку дијалог.

„Двајцата соговорници, првиот вицепремиер Груби и премиерот Рама ја пофалија досегашната посветеност на дијаспората од Северна Македонија, бидејќи за помалку од еден месец повеќе од 130.000 луѓе одговорија позитивно на поканата за регистрација“ – стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

Груби: Маричиќ ќе биде прв заменик на премиерот на Владата

(ВИДЕО) Русија е виновна за се во Македонија: Путин ни прави меѓуетнички тензии – Груби обвини, премиерот го поддржа

Анита Петровска Рајковиќ

Ковачевски за Груби: Македонија во моментов ја води Македонец, а во предизборие ќе се изнаслушаме кој е главен

Орце Костов

Ковачески: Користењето на кабинетот на Груби за состанок на Ахмети не е злоупотреба

Груби и Бочварски станаа експерти за патишта: Со инженерската фела ќе дебитираат за„Бехтел и Енка“

Орце Костов

Апелирам Македонците од Албанија масовно да учествуваат во пописот, порача Мицкоски

А1он