Еден загинат во сообраќајка на патот Куманово-Крива Паланка

Од:

Едно лице загина во сообраќајна несреќа на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, што се случила вчера околу 21:50 часот, кај месноста викана „Грамаѓе“.

Како што соопшти МВР, лицето И.Н. (36) од Крива Паланка со возило „Опел Астра“ со кривопаланечки регистарски ознаки, излетал од патот и починал на самото место.

Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и увидна екипа од полициската станица во Крива Паланка.

Сообраќајот во двата правци бил во прекин од 22:50 до 00:45 часот.

Би можело да ве интересира

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип

Жена носела пиштол без дозвола на бензинска пумпа, сега е во притвор

Ана Ололовска

Куќен притвор за скопјанец што чувал пет вида дрога во изнајмен стан

Жарко Настоски