ВИДЕО: Еден загинат и седуммина повредени во сообраќајката кон Стража, пренесени се во гостиварската болница

Од:

Во сообраќајката што попладнево се случи на патот кон Стража едно лице загинало на местото на несреќата, а седуммина повредени се пренесени во болницата во Гостивар, соопшти МВР. Во прекин е сообраќајот во двете насоки.

„Денеска околу 15 часот и 30 минути во СВР Тетово е пријавено дека на магистралниот пат Гостивар-Кичево, во близина на новоселските гробишта, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале три моторни возила: џип ’мерцедес’, патничко возило ’бмв’ и камионет. Едно лице од камионетот починало на местото на несреќата, а седум лица, првично, се пренесени во гостиварската Општа болница ’Ферид Мурад’ за укажување лекарска помош“, велат од МВР.

Сообраќајот се уше е во прекин оти јавен обвинител и екипа од ОВР Гостивар вршат увид.

Очевидци за „А1он“ јавија дека околу местото на несреќата веќе се формирани долги колони возила во двата правци.

Би можело да ве интересира

Кумановец дал 43 илјади евра на лажен продавач на крипто валути

Украл голф, удрил во маркет, ја повредил вработената и избегал

Уапсена лихварка: дала 2.700 евра, барала да и вратат 15.000

Катерина Ѓуровски

Нема крај на измамите: на старец од Битола му зеле 10 илјади евра со приказна за повредена внука

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ