Еден загинат и неколкумина повредени во сообраќајка кај Струмица

Од:

Во тешка сообраќајна несреќа што се случи на околу 19 часот на магистралниот пат Струмица – Радовиш, пред крстосницата за селото Василево, едно лице загина, а неколкумина се повредени.

Според очевидци, во еден автомобил имало мигранти кои се превезувале со голема брзина, бегајќи од полицијата најпрвин удриле во едно возило и педесетина метри потоа излетале од патот и се забиле во ѕид. Покрај автомобилот седеа и лежеа неколку лица, најверојатно мигранти.

На местото на несреќата забележливо беше силно полициско обезбедување, против пожарно возило и возило на итната медицинска помош.

Сообраќајот кон Струмица се насочува по стариот пат од Василево до градот.

Би можело да ве интересира

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар

21-годишник возел 105 километри на час на булевар во Штип

Полицијата го пронајде возачот кој удри во 11-годишно девојче и избега

МПЦ-ОА пријавила кражба од црква во Скопје вредна над 150.000 денари