Еден загинат и 10 повредени во сообраќајки во Скопје

Од:

Едно лице загинало, а 10 се здобиле со полесни повреди во вкупно 10 регистрирани сообраќајни несреќи во изминатите 24 часа на подрачјето на СВР Скопје. Три од несреќите се со материјална штета.

Сообраќајната полиција санкционирала 14 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, 11 возеле со истечена сообраќајна дозвола или без возачка дозвола, а 39 биле непрописно паркирани. Санкционирани се и седум пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин, односно поминале на црвено светло на семафор.

Со помош на специјалното возило „пајак“ се отстранети 62 непрописно паркирани возила.

Одделението за превенција и „Училишната сообраќајна единица“ денеска ќе преземат превентивни мерки од областа на сообраќајот на подрачјето на општина Центар, по сообраќајниците кои гравитираат околу Транспортниот центар Скопје.

Би можело да ве интересира

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава