Еден загинат, двајца повредени во сообраќајка на автопатот Велес-Куманово

Од:

Едно лице го загуби животот, две други, од кои едно 11 – годишно дете се повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера на автопат Велес – Куманово, кај исклучокот за Аеродром „Скопје“.

МВР денеска соопшти дека сообраќајката се случила во 17.40 часот, помеѓу патничко возило „Форд Мондео“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.К.(50) од Скопје и патничко возило „Опел Астра“ со струмички регистарски ознаки, управувано од В.К.(42) од струмичкото село Дабиле.

В.К. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде починал. Со тешки телесни повреди се здобиле и сопатниците во возилото „Опел Астра“, А.А.(43) од струмичкото село Вељуса, и 11-годишно дете од струмичко Дабиле. Со возило на Итна медицинска помош тие биле пренесени во болниците „8-ми Септември“ и „Св.Наум Охридски“.

Извршен е увид на местото на настанот. По наредба на Јавен обвинител, врз телото на починатиот ќе се врши обдукција.

Би можело да ве интересира

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип

Жена носела пиштол без дозвола на бензинска пумпа, сега е во притвор

Ана Ололовска

Куќен притвор за скопјанец што чувал пет вида дрога во изнајмен стан

Жарко Настоски

Скопјанец силувал и претепал жена во станот на неговата покојна мајка

Жарко Настоски