Во тешка сообраќајна несреќа која се случила попладнево на магистралниот пат Гостивар-Кичево, едно лице го загубило животот, а три поминале со скршеници.
Од повреди кои ги задобил во сударот, загинал гостиварецот Сенат П (32), а потешко се повредени М.М. (24) и дебарчаните Џ.А. (21) и П.Љ. (25)
Според информациите на СВР Тетово, околу 17:30 часот во близина на еден од каменоломите на 4 километри од Гостивар дошло до судир на две патнички возила. Неофицијално, во сообраќајната несреќа учествувале „опел астра“ со дебарски регистерски ознаки и „рено меган“ со гостиварски регистерски ознаки што го управувал загинатиот Сенат П. Во реното покрај сопатничката М.М. било и тригодишно дете, кое по прегледите во гостиварската болница било констатирано дека поминало без повреди
Во меѓувреме направен е увид од страна на јавен обвинител и екипа на полициската станица Гостивар, а телото на починатиот е предадено на обдукција.
Изминатава недела на сообраќајниците низ полошкиот регион ова втора жртва. Претходно по повреди задобиени во сообраќајна несреќа во болница почина три годишно дете.