Еден загина, тројца тешко повредени во сообраќајка кај Градско

Од:

Тешка сообраќајна несреќа се случила синоќа 10 минути по полноќ на локалниот пат село Горно Чичево кон Долно Чичево во општина Градско. Во несреќата починал 21-годишен жител на Градско, а тројца се здобиле со тешки повреди.

Од Секторот за внатрешни работи во Велес информираа дека возилото „БМВ“ управувано од П.А.(22) излетало од патот при што со тешки телесни повреди се здобиле возачот и неговите сопатници Љ.О.(21), Б.П.(20), двајцата од Градско и Х.Л.(22) од с.Ногаевци.

Од здобиените повреди починал Љ.О. а останатите повредени се пренесени во Општата болница во Велес.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција и извршен е увид од СВР Велес.

Би можело да ве интересира

„На волан“ загина 60 годишник кај Белград – му се слоши, па удри во насип

А1он

Три лица се повредени во украински напад со беспилотно летало врз рускиот Саратовски регион

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден