Б.И.(52), жител на село Дреново, вчера на браната „Лисиче“ додека ловел риба со Ѓ.Ј.(58) видел тапа за ловење риба, скокнал во водата за да ја извади, по што потонал и не се појавил на површината.
МВР соопшти дека на местото на настанот биле упатени служби од СВР-Велес, а ангажирани биле и припадници на Единицата за специјални задачи за пронаоѓање и вадење на телото.
Во 18:15 часот телото било пронајдено и извадено од езерото. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на семејството за погреб.
МВР информира дека вчера во близина на с.Долно Дупени-ресенско, во Преспанското Езеро, бил пронајден удавен Р.А. (53) од Прилеп.
Полициски службеници од Полициската станица-Маркова Нога го извадиле телото од езерото. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица-Ресен. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на семејството за погреб, соопшти МВР.