Тројца непознати лица синоќа извшиле убиство пред угостителскиот објект „Али баба“ во Тетово.
Откако непознатите лица не биле пуштени да влезат во локалот, со нож нападнале тројца Тетовци. Двајца од нив со потешки повреди биле пренесени во Клиничкиот центар во Скопје, а едното момче било задржано во тетовската болница.
Како што информираат од полицијата, едното момче им подлегнало на повредите во Клиничкиот Центар во Скопје.
Полицијата изврши увид на местото на убиството и превзема мерки за пронаоѓање на сторителите.