Еден тешко повреден во сообраќајка во Росоман

Од:

Едно лице е тешко повредено при сообраќајна несреќа која се случила синоќа во Росоман, информираше денеска Анита Стојковска, портпарол на СВР Велес.

Како што соопшти таа, сообраќајката била во 17.45 часот, на магистралниот пат Градско-Прилеп, во  Росоман.

– Во неа учествувале патнички автомобил марка „фиат уно“ со регистерски ознаки од Кавадарци, управуван од 59-годишен жител на Битола и патнички автомобил марка „сеат кордоба“ со регистерски ознаки од Кавадарци, управуван од 34-годишен жител на Кавадарци, појасни Стојковска.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкиот автомобил марка „фиат уно“, кој бил пренесен во ЈЗУ Општа Болница Кавадарци, заради укажување лекарска помош.

Увид на лице место извршила увидна екипа од Секторот за внатрешни работи Велес.

Би можело да ве интересира

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ