Во угостителскиот објект „Кеки“ во Берово вчера во 17 часот по меѓусебна вербална расправија, настанала тепачка меѓу И.М. (60) од Штип и М.С. (64) од Берово.
Лицата додека се туркале, паднале на подот, при што М.С. се здобил со повреда на левата нога и бил пренесен во ЈЗУ-Берово, од каде поради сериозноста на повредата бил пренесен во Клинички центар Штип, каде е констатирана тешка телесна повреда.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.