Еден потешко и 10 полесно повредени во 15 сообраќајки во Скопје

Од:

Еден пешак е тешко повреден во една сообраќајна несреќа, а 10 се полесно повредени во пет сообраќајки што се случиле на подрачјето на Скопје во изминатите 24 часа. Во девет сообраќајки е причинета материјална штета.

Со поголема брзина од дозволената возеле 52 возачи, а од сообраќај се исклучени 18 возачи пред да се стекнат со правото за управување со возило, пет возачи почетници и 17 нерегистрирани возила.

На црвено светло на крстосница поминале тројца возачи, а четворица не им дале првенство на минување на пешаци на пешачки премин.

Од страна на сообраќајната полиција издадени се 116 казни за непрописно паркирање, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 81 возило.

Седум возачи на мотор, мопед и мотоцикл не користеле заштитен шлем додека возеле.

Во изминатото деноноќие преземени се мерки и против 15 пешаци кои не ја поминале улицата на обележан пешачки премин, а тројца пешаци поминале улица на црвено светло.

Би можело да ве интересира

Какви се казните од „Безбеден град“: Поминување на црвено 250 евра и забрана за управување возило до 12 месеци

Сообраќајот за тешки возила кон Г.П. „Блаце“ се пренасочува преку бензинската пумпа „Дизел“

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози