Еден од осомничените за убиството во „Шиша бар“ излезе од притвор: Определени се мерки за претпазливост

Од:

Осомничениот за двојното убиство во „Шиша бар“ кој беше во притвор од јуни доби мерки за претпазливост наместо притвор, потврдуваат од Обвинителството за А1он.

Извори на А1он посочуваат дека се работи за лицето кое имало помали дејствија во случајот, односно не се работи за осомничениот кој го купил автомобилот „Ауди“ кој беше најден запален на улицата Вашингтонска, туку лицето кое било со него додека тој го купувал автомобилот.

Официјално, од Обвинителството посочуваат дека тој е осомничен за помагање при сторување на кривично дело, па затоа и не е неопходно обезбедување на присуство.

„Со оглед на тоа што во моментов притворската мерка не е неопходна за обезбедување на неговото присуство, јавниот обвинител согласно своите законски надлежности предложи таа да биде заменета со мерки на претпазливост“, велат од ОЈО.

Според информациите на А1он, надлежниот обвинител проценил дека не постои ризик заради кој осомничениот мора да биде обезбеден со мерка притвор, а мерката била заменета со полесна затоа што обвинителот има обврска да го стори тоа во моментот кога притворот не е неопходен.

Инаку, истрагата за двојното убиство во „Шиша бар“, каде на 6 март годинава лице место беа убиени Јетон Кривањева – Жила и Енес Исени се уште трае. Едниот од осомничените е оној кој доби полесна мерка, додека пак лицето кое го купило автомобилот „Ауди“ е се уште во притвор.

Би можело да ве интересира

Ладнокрвна егзекуција во Атина: Маж му се приближи и го застрела со најмалку пет куршуми, полицијата го бара напаѓачот

Горан Наумовски

Млад човек во Хрватска го уби очувот со багер и веднаш го закопа

Трагедија во Германија: Жена е убиена на улица, убиецот избега

Горан Наумовски

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Таткото со шлаканици по четиригодишната ќерка – „Ќе те утепам, ќе ти ја искршам главата“

А1он

Дисциплинската комисија утврди крупни грешки кај шефот на Вишото јавно обвинителство Скопје, се бара негово разрешување

Апелација ги уважи жалбите на Обвинителство и им определи ефективен 30 дневен притвор на двајцата поранешни директори на Онкологија