Еден месец нема казна за „Македонијалек“ за погрешните вакцини

Од:

Еден месец по скандалот со погрешните вакцини, нема казна за „Македонијалек“, фирмата увозник. Министерството за здравство и Агенцијата за лекови и медицински помагала (МАЛМЕД) експресно открија дека се работи за исправни МРП (морбили, рубеола, паротит) вакцини со важечки рок кој бил прелепен со погрешни декларации, но за казната за „Македонијалек“ се уште се размислува.

Откако МАЛМЕД утврди дека грешката е кај увозникот на почетокот на јануари, министерот за здравство, Венко Филипче, најави најстрога казна за „Македонијалек“, но за да биде пропишана, сега вели дека ќе чекаат да заврши истрагата на Јавното обвинителство.

„’Македонијалек’ се уште не е казнета поради истрагата што ја отвори Обвинителството. Истрагата е во тек. Ние ќе ги чекаме резултатите оти истрагата може да отвори нови сегменти“, рече министерот Филипче.

Отворањето на истрагата од Министерството го искористија и како последно оправдување за тоа што не дозволуваат да се снимат вакцините. Од Министерството за здравство, пред да биде отворена истрагата најавија дека ќе овозможат снимање во соработка со МАЛМЕД и „Македонијалек“, но снимањето се одолговлекуваше и се презакажуваше се до отворањето на истрагата кога надлежноста за вакцините ја презема Обвинителството. Од таму за „Макфакс“ изјавија дека не можат да излезат во пресрет на барањето за снимање бидејќи предистражната постапка е тајна. Од Обвинителството известија дека извршиле попис и обезбедување на вакцините кои се сместени во депо на „Македонијалек“.

МАЛМЕД извести дека по контролите во здравственните домови пронашле 624 кутии од вакцините „Приорикс“ на производителот „Глаксосмитклјан“ од Белгија со погрешни декларации. Сите се повлечени од здравствените домови поради погрешните декларации со одлука да се уништат.

Уништувањето на вакцините го спречи Обвинителството кое отвори истрага целиот случај по допрен глас.

„Македонијалек“ за целиот скандал испрати само едно соопштение во кое објасни дека се работи за техничка грешка. Надлежните од компанијата не одговорија на ниту едно прашање поврзано со погрешните вакцини.

Маја Илиевска-Пачемска

Би можело да ве интересира

Донесена одлука за прием во детски градинки на деца кои примиле три дози ДиТеПер вакцина со задолжително примање ревакцина по шест месеци

Предраг Петровиќ

Во дел од Босна и Херцеговина прогласена епидемија на морбили

А1он

Меџити: Има доволно вакцини, родителите да ги вакцинираат децата

Нова кампања за имунизација „Да не си играме со здравјето!“

А1он

Меџити: Информацијата за укинување на организациските директори доставена до Владата

Ана Ололовска

Манолева: Преговараме за обезбедување дополнителни средства за набавка на нови количини „трикафта“

Ана Ололовска