Еден малолетник дошол со нож во училиште, а друг со електрошокер

Од:

Двајца малолетници од Скопје, за два дена завршија на информативен разговор во полициска станица бидејќи на училиште дошле со оружје.

Во полициската станица во Кисела Вода, во присуство на родител, полициски иследници вчера извршија службен разговор со малолетник – ученик во средно училиште. Тој е повикан во станица по претходна пријава од помошник директорка на училиштето дека при преглед од обезбедувањето кај него бил пронајден нож. Ножот бил одземен и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, тврдат од полицијата.

Денеска пак во полициската станица на Бит Пазар, во присуство на родител и стручен тим од средното училиште во кое учи, извршен е службен разговор со 15-годишен ученик од Скопје затоа што при спроведена акциска контрола во која бил извршен преглед на ученици во повеќе училници, кај него бил пронајден електрошок.

– Предметот бил одземен и ќе следува соодветен поднесок – велат од полицијата.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Разбиена е шема за посредување во проституција, уапсени се две лица

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

Уапсени се тројца гостиварци – кај нив најдена дрога и оружје

А1он

Четворица малолетници се обидоа да го ограбат манастирот „Св. Наум Охридски“ на Попова Шапка