Еден блок на РЕК „Битола“ работи, вториот пред активирање, третиот останува во резерва

Од:

Еден од блоковите на РЕК „Битола“ што вчера беше исклучен веќе е ставен повторно во функција. На другиот во завршна фаза се активностите за пуштање во производство, додека третиот е потполно технички исправен и подготвен да влезе во производство доколку има потреба, информираат од АД ЕЛЕМ.

–  По краткиот вчерашен застој, еден од двата енергетски блока на РЕК „Битола“ денеска е приклучен на мрежа и работи согласно потребите од електрична енергија на тарифните потрошувачи во земјата. На другиот енергетски блок активностите за пуштање во производство се во завршна фаза и се очекува за кратко време да биде синхронизиран на електро-енергетскиот систем, додека третиот блок е потполно технички исправен и подготвен да влезе во производство до крајот на денешниот ден, ако системот има потреба од дополнителни количини на електрична енергија, соопшти АД ЕЛЕМ.

Оттаму напоменуваат дека останатите нивни производни капацитети во целост ја задоволуваат потребата од електрична енергија на тарифните потрошувачи во земјата и нагласуваат дека во текот на вчерашниот ден немаше потреба од дополнителен увоз на електрична енергија.

Би можело да ве интересира

Скандал во РЕК Битола: Обвинети се директори и раководители за злоупотреби со јавни набавки

РКЕ: Отчитувањето на броилата зголемено на 95 отсто

Горан Наумовски

СДСМ: Поскапувањето на струјата е нов удар врз и така нискиот стандард на граѓаните

Горан Наумовски

Филипче: Струјата поскапе поради катастрофалното менаџирање на ВМРО-ДПМНЕ

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 28 ноември изнесува 119,61 евра за мегават час, на МЕМО 118,90 евра за мегават час

Владата ќе продолжи со субвенционирањето на струјата за домаќинствата

Горан Наумовски