ЕЦПР: Роми во Прилеп малтретирани поради етничка припадност

Од:

Европскиот центар за правата на Ромите (ЕЦПР), на Спиро Ристовски, министер за труд и социјална политика и Ариф Селими, одговорно лице за барања за пристап до информации од јавен
карактер им испрати допис за објаснување и изрази загриженост за насилниот инцидент кој се случил во Прилеп на 31 декември, 2012 година.

Според добиените информации од различни извори, за време на протест на Роми, пред
Центарот за социјална работа во Прилеп, една жена од ромска националснот
заедно со нејзините две деца, била несоодветно третирана од страна на обезбедувањето
на Центарот, додека се обидувала заедно со другите учесници да влезе во зградата , пишува
Дезидериу Гергли, извршен директор на Европскиот центар за правата на Ромите

Еве што стои во дописот:

Ромите кои протестирале, се собрале поради неисплатена социјална помош пред претстојните божиќни празници и побарале да разговарат со директорката на ЦСРП. Само на неколку учесници од истиот протест им било дозволено да влезат, за разлика од останатите кои беа спречени да влезат, дури до тој степен што обезбедувањето почна да ги турка надолу по скалите до самиот влез на зградата. Во текот на истата несоодветнатареакција на обезбедувањето, жена-Ромка во присуство на нејзините две деца, била
удрена по главата и стомакот од страна на обезбедувањето. Тоа резултирало со нејзино онесвестување, каде што еден од учесниците во протестот, морал да ја однесе во болница.

Медиумите објавија дека нејзините две деца, исто така беа туркани и несоодветно третирани од страна на безбедувањето на ЦСРП.

Особено не загрижува фактот што учесниците на протестот, изјавија дека се малтретирани поради нивната ромска етничка припадност: “… Немаме никакво право ни да се жалиме, ни ништо, каде ќе се жалиме таму ќе бидеме тепани.” “Третманот е понижувачки, бидејќи сме Роми “.

ЕЦПР имајќи ги во предвид горенаведените информации, верува дека во истиот инцидент, имало моменти на прекумерна и несразмерна употреба на сила против жената од ромска националност и нејзините две деца , од страна на обезбедувањето на, која истата може да преставува и деградирачки третман, кој како таков е забранет според македонското законодавство.

Со оглед на сериозноста на истиот инцидент, ЕЦПР ги бара следниве информации во писмена форма:

– Дали инспекторите на МТСП извршија контрола на Центарот за социјална работа во Прилеп во врска со овој инцидент како и можностите за употреба на прекумерна сила против Ромите? Кои беа нивните наоди?
– Дали полицијата беше известена за инцидентот?
– Дали членовите на обезбедувањето се сметаат за вработени во ЦСРП(јавни службеници) или се сметаат за вработени од приватна фирма која нуди услуги/го обезбедува објектот?
– Дали беа превземени било какви дисциплински мерки против двете членови на обезбедувањето кои беа инволвирани во инцидентот?
– Дали ја земавте во предвид можната расна / етничка мотивација?

Би можело да ве интересира

Протест поради проблемите со автобускиот превоз во Скопје

Инцидент на блокадата во Нови Сад: Беа кренати знамињата на ЕУ, па започна турканица

Горан Наумовски

Жителите на улица Народни Херои на протест – блокада на булеварот Борис Трајковски

Горан Наумовски

Нов протест поради трагедијата во Нови Сад, се бараат оставки: „Народот е гладен за правда“

Горан Наумовски

Протест на опозицијата во Белград

(ВИДЕО) Протест во Нови Сад, градот е полн со полиција