ЕБР интервенира на Боемска по обидот да се избришат снимките на кои се гледа Мицкоски во кафеаната

Од:

Екипи на Единица за брзо распоредување интервенираа во ресторанот каде беше затекнат лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. “А1он” дознава дека тие интервенираат бидејќи се бришеле снимки од надзорни камери на кои се гледа дека угостителскиот објект работел, а внатре бил Мицкоски.

Пред ресторанот освен екипи на ЕБР и натаму се присутни и инспекторите на Пазарниот инспекторат, како и началникот на СВР Скопје, Ристе Ставревски.

Претходно, инспектори на Пазарниот инспекторат беа спречени да извршат надзор во затворениот дел на угостителскиот објект “Винарија” на Боемска улица, по што, два ипол часа останале пред објектот.

Додека инсистирале да направат увид, затекнале како политичар излегува од објектот. Ова за “А1он” го потврди инспекторката Мери Продановска, која кажа дека станува збор за лидер на политичка партија. “А1он” веќе објави дека станува збор за Христијан Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Евроамбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот на Европската комисија на премиерот Мицкоски

Мицкоски: Македонија веќе 15 години не е членка на ЕУ поради вештачки прашања

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Компанијата „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија

А1он

Мицкоски: Ја продлабочуваме економската соработка со Германија, целта е повеќе инвестиции и повисок БДП

Мицкоски чека одговор од студентите за владиниот предлог за студентски оброк

ВИДЕО: Дуел на Мицкоски и Филипче на пратенички прашања

Катерина Ѓуровски