А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

ДЗС: Се очекува зголемување на нивото на Вардар во Велешко

by А1он24/01/2015 - 15:19152
Share0

За два до три часа се очекува нивото на реката Вардар во Велешкиот регион да нарасне. Подрачното одделение на Дирекцијата за заштита и спасување е на терен и, како што информира, заедно со локалната самоуправа ја следи состојбата.

Следете a1on на Instagram Instagram

Информирано е и населението, а Општина Велес има ангажирано машина во Башино село за расчистување на речните наноси и расчистување на речното корито околу мостот во селото.

Преку Дирекцијата се ангажирани градежни машини за справување со непогодите – во Штип багер за правење одбранбени насипи и расчистување, во Карбинци уште две машини, во Конче – Радовиш утоварна лопата и камион, во Крива Паланка една градежна машина. Во Ново Село Штипско се поставени 1.000 вреќи за да се спречи натамошно продирање на водата, додека во Гевгелија е поставена цистерна со питка вода во случај да е загадена водата во водоводот.

Во Куманово излеаната вода е стигната до меморијалниот споменик на АСНОМ во Пелинце.

Следете a1on на Youtube YouTube

Дирекцијата за заштита и спасување преку своите подрачни одделенија ја следи состојбата во земјата, постојано контактира со локалната самоуправа и е подговена, ако има потреба, да активира дополнителна механизација за отстранување на последиците од врнежите.

poplaviveles

Би можело да ве интересира

Се вршат претреси за измамите на граѓани со „кубански вакцини“ – осомничениот е во болница

А1он23/10/2026 - 15:46

Меѓународен ден за намалување на ризикот од катастрофи: Подготвеноста за поплави почнува дома и спасува животи

Горан Наумовски18/10/2026 - 11:38

Поплави во Турција: Четири лица загинаа, три се водат како исчезнати

Горан Наумовски17/10/2026 - 18:37

Тројца загинати и четворица исчезнати во поплавите во Истанбул

А1он15/10/2026 - 16:52

(ВИДЕО) Хаотични сцени во Истанбул – патишта се уриваат, поројните води носат автомобили, поплавени се болници и метрото

А1он14/10/2026 - 21:24

Син нападна мајка во Велес

А1он12/09/2026 - 14:19
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео