ДЗС работи на санирање на состојбата од поплавите

Од:

Дирекцијата за заштита и спасување и Коордиантивното тело на Владата прават максимални напори за санирање на состојбата предизвикана од поројните дождови што пред неколку дена го зафатија дел од Македонија, информира денеска денеска директорот Дирекцијата, Шабан Салиу.

Целата механизација на ДЗС, како што истакна по конференцијата одржана по повод одбележувањето на Светскиот ден на цивилната заштита, е на терен во потешко настраданите подрачја, во Струмичко, Штипско, Кумановско и Светиниколско. Тој посочи дека состојбата со браните Слатино и Пишица е добра.

– Секаде каде што имаше побарувања за пумпи од зафатените куќи ДЗС им излезе во пресрет. Во Свети Николе учествувавме со 35 пумпи за исфрлање вода, изјави Салиу, потсетувајќи дека за најзагрозените обезбедени се ќебиња, душеци, вреќи за спиење, храна, вода и лекови.

На одбележувањето на Светскиот ден на цивилната заштита – 1 март, ДЗС потпиша меморандум за соработка со италијанската дирекција за заштита и спасување, што според Салиу, значи формирање трајно пријателство и меѓусебна соработка.

Директорот потсети дека Македонија од минатата година е потписник и на механизмот на цивилна заштита при ЕУ.

– ДЗС преку овој механизам има еднакво право со сите земји членки на Унијата да дава мислења и сугестии за подобрување на системот за заштита, за заедничко дејствување при поголеми непогоди и незгоди, како и за едукација и вежби, рече Салиу.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Двајца работници извлечени живи од тунел во Непал, девет дена по поплавите

А1он

(ВИДЕО) Бројот на жртви од поплавите во Непал се искачи на 332

Вонредна состојба во југозападна Бугарија: Поројни дождови ги поплавија населбите

ВИДЕО: Десет години од катастрофалната поплава во населените места во општина Гази Баба

Предраг Петровиќ

Поради излевање на Вардар пренасочен сообраќајот на патот Гостивар-Чегране, снег на Деве Баир, Делчево, Страцин и Пониква

Катерина Ѓуровски

Нема пријави за излевање на Вардар кај Форино, ниту нови поплавувања на објекти на подрачјето на Кичево