Штип, Велес, Крива Паланка, Тетово и Кривогаштани денеска добија противпожарни возила со помал капацитет на вода за непристапни места од Дирекцијата за заштита и спасување на Република Македонија (ДЗС).
Директорот на ДЗС Шабан Салиу информира дека покрај возилата пик-ап кој се опремени со топови за гасење пожар, територијалните противпожарни единици ќе добијат и хидраулични апарати кои служат вадење жртви во големи сообраќајни несреќи.
– Со оваа донација сакаме да помогнеме професионалните територијални единици да бидат максимално оперативни, а посебно внимаваме вакви помали возила да доделиме на оние општини коишто имаат тесни улици и потешка пристапност на големите возила, истакна Салиу.
Сетови од хидраулични апарати денеска добија Град Скопје и општините Кочани и Гостивар.