ДЗР лани доставила седум ревизорски извештаи до ОЈО

Од:

Во 2016 година Државниот завод за ревизија (ДЗР) ги реализирал сите 45 планирани ревизии на регуларност и успешност предвидени со Годишната програма за работа. До Јавното обвинителство се доставени седум ревизорски извештаи, а меѓу нив се за министерствата за економија и за образование и наука, ЈП Македонија пат и Општина Кочани. Од таму се уште не е добиен повратен одговор дали се постапува по овие извештаи.

Ова на прес-конференција денеска го соопшти Габриела Димовска од Центарот за економски анализи, којшто денеска го презентираше Вториот квартален извештај од следењето на работата на ДЗР во периодот 01.01.2017-31.03.2017.

Александар Поповски, генерален секретар на ДЗР, кој присуствуваше на прес-конференцијата заедно со претставници на ревизорите, објаснувајќи за тоа кои извештаи се доставуваат до Јавното обвинителство, рече дека во сега доставените веројатно станува збор за посериозни неправилности врз основа на кои може да се креираат определени постапки на определена одговорност. – Најчесто се поврзани со трошење на буџетските средства, функциите што ги извршувале определени лица, рече тој.

Досега ДЗР нема повратна информација дали ОЈО постапува за неправилностите во некој од овие извештаи, посочи Поповски укажувајќи дека нивната надлежност завршува со доставување на извештаите до надлежните органи како ОЈО и Државната комисија за спречување на корупција.

Поповски соопшти дека ДЗР остварува соработка со Специјалното јавно обвинителство (СЈО) и оти постапиле по нивни барања за сите политички партии за коишто имало потреба за информации. Исто така и постапува по извештаите за финансирање на политичките партии.

Во однос на разгледувањето на конечните извештаи на ДЗР во Собранието, Европската комисија укажа дека треба да се подобри. – Ќе се изработува компаративна анализа како во Република Македонија се третираат ревизорските извештаи од страна на Собранието споредбено со земјите од ЕУ, рече Поповски најавувајќи дека анализата ќе биде изготвена во рамки проект што ќе се реализира следната година.

Поповски одговарајќи на новинарски прашања рече дека не бил регистриран притисок врз работата на ревизорите.

Истражувањето на Центарот за економски анализи покажало дека главниот впечаток на субјектите на ревизија е дека тие се задоволни од соработката со ДЗР и сметаат дека со спроведувањето ревизија, ДЗР помага во подобрувањето на работењето на институцијата. Новинарите сметаат дека иако на веб-страницата на ДЗР можат да се најдат корисни информации, сепак би било добро, периодично, лицето за односи со јавност од ДЗР да ги информира за главните наоди од ревизорските извештаи. Голем дел од испитаниците од општата јавност би сакале да предложат субјект за вршење ревизија, при тоа не знаејќи дека веќе ја имаат таа можност.

Дамир Незири од Фондацијата за демократија на Вестминстер кажа дека ова е втор од шесте планирани извештаи за работењето на државната ревизија. Најави дека во план е поинтензивна соработка со новиот состав на Собранието во однос на разгледување на ревизорските извештаи, чија цел е зголемување на финансиската отчетност и транспаретност во Македонија.

Би можело да ве интересира

ОЈО: Изборниот ден помина генерално без поголеми нарушувања на гласањето и пријави за изборни инциденти

Клиниката за очни болести наплатила 65.000 евра помалку за болничко лекување од 1.579 пациенти, утврдија ревизорите

Орце Костов

Укинат притворот за возачот на Палчо

Александар Тодески

Љупчо Коцевски избран за нов државен обвинител

Детска клиника: Ревизијата е за 2022 година, за 2024 ќе се обезбеди трикафта за сите

Орце Костов

Трикафта има само за 15 од вкупно 140 пациенти со цистична фиброза

Орце Костов