ДЗР го објави конечниот ревизорски извештај на Основен буџет на С. Македонија за 2020 година

Од:

Државниот завод за ревизија на веб страницата го објави конечниот ревизорски извештај на Основен буџет на Република Северна Македонија за 2020 година.

– Од извршената анализа на извештаите за пријавени обврски заклучно со декември 2020 година, ревизијата констатира дека од вкупно 1.380 субјекти, во Електронскиот систем за пријавување и евиденција на обврските (ЕСПЕО) податоци имаат доставено 1.047 субјекти односно 76 отсто согласно кои доспеани, а неплатени обврски се во износ од 17,8 милијарди денари, што е за 6,7 проценти повеќе во однос на 2019 година, се наведува во извештајот.

Податоците за износот на обврските за 2020 година, се посочува, Министерството за финансии ги објавува на својата веб страна, според кои најголемо учество во вкупните обврски имаат јавните здравствени установи со 41,63 проценти и општините со 20,75 отсто, најмало учество имаат регулаторните тела со 0,01 процент.

– Укажавме на потребата од интензивирање на активностите за воспоставување на надзор на субјектите во однос на целосноста и точноста на пријавените неподмирени обврски, се сугерира во Извештај.

Во Извештајот се наведени и податоци за финансиската состојба на општините при што се заклучува дека нема промени по однос на тоа.

– Во ревизорскиот извештај, од доставената документација од Министерството за финансии, констатиравме дека нема значајни промени во однос на финансиската нестабилност на општините во 2019 година, односно во декември 2020 година, 11 општини во РСМ од вкупно 81 општина, работат и функционираат со блокирана трансакциска сметка, и потребно е ваквата состојба да претставува предмет на анализа од надлежните органи во делот на извршување на пренесените надлежности, стои во Извештајот.

Би можело да ве интересира

Клиниката за очни болести наплатила 65.000 евра помалку за болничко лекување од 1.579 пациенти, утврдија ревизорите

Орце Костов

Детска клиника: Ревизијата е за 2022 година, за 2024 ќе се обезбеди трикафта за сите

Орце Костов

Трикафта има само за 15 од вкупно 140 пациенти со цистична фиброза

Орце Костов

За десет години изградени помалку од 40 километри од автопатот Кичево-Охрид за што се потрошени 430 милиони евра, утврди ревизијата на ЈПДП

Орце Костов

Апаратите за магнетна резонанца не се искористени, нема доволно кадар – извештај на ревизорите

Ревизорите нашле низа неправилности и неусогласености во Министерството за животна средина