Џафери: Законот за употреба на јазиците не го загрозува унитарниот карактер на Македонија

Од:

Претседателот на македонското Собрание, Талат Џафери во интервју за српскиот весник „Политика“ вели дека со законот за употреба на јазиците не се загрозува унитарниот карактер на државата.

– Прашањето за регулирање на употребата на јазикот јасно е утврдено во амандманот 5 од Уставот на Република Македонија. И покрај тоа што одредбата е јасна, сепак во одредени ситуации постои тенденција таа да се толкува зависно од интересите на одредени страни. За да се отстрани секоја можност за пристрасно толкување, се наметнува потребата за прецизно дефинирање на ова прашање. Предлог-законот за употреба на јазикот ја има токму таа улога. Точно е дека со новиот Предлог-закон се овозможува заседавање со собраниските седници на албански јазик. Меѓутоа, со тоа нема да се намали значењето на македонскиот јазик или другите јазици кои се зборуваат во Македонија, а уште помалку унитарниот карактер на нашата држава, вели Џафери.

Би можело да ве интересира

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска