Џафери: Законот за јавно обвинителство е донесен во соодветна процедура

Од:

Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска изјави дека Законот за јавно обвинителство е донесен во соодветна процедура и оти поради реакцијата на пратеници дека не им било регистрирано гласањето, го поништил и овозможил повторување на гласањето.

-Прво и основно Законот за јавно обвинителство е донесен во соодветна процедура и доколку на лице место се утврди дека пратениците се внатре и реагираат дека не го оствариле своето право да се изјаснат моја обврска е да поништам постапка, да овозможам реакција на тоа што поради техниката не можеле да ја изразат својата волја. И од таа причина јас го поништив гласањето и овозможив повторување на гласање за да можат пратениците кои веќе реагираа, а беа внатре да можат да изразат волја. И во тој конктекст нема никаков проблем во слисла на процедура, рече Џафери одговарајќи на новинарско прашање дали е подготвен на одговорност доколку Уставниот суд го поништи гласањето.

За измените и дополнувањата на Законот за советот за јавни обвинители кажа дека тој направил грешка и дека во официјалното сценарио кое е архивирано стои дека законот се носи само со просто мнозинство.

-Да, јас згрешив, рече претседателот на Собранието на последната прес-конференција денеска, по распуштањето на Парламентот и распишувањето на изборите и додаде дека бил воден „од претходните седници дека две законски решенија беа изгласани со Бадентер“.

-И воден од тоа јас кажав да се подготват да гласаат со Бадентер. Кога го видов официјалното сценарио тогаш сватив дека сум во грешка и мислам дека најнормално е човек во таква атмосфера, во такви услови и да направи грешка. И тоа е моја грешка, и не е нешто што се случило па произлегле последици од тоа што сум го кажал затоа што официјалниот дел од сценариото кое е архивирано е тоа што законот е изгласан без Бадентерово мнозинство, затоа што така е регулирано и во Уставот. Впрочем, ова беа измени и дополнувања на Законот, измените и дополнувањата на законот се донесуваат во иста постапка и процедура како што е донесен и основниот закон. Основниот закон е донесен без Бадентер, така се донесува и измената и дополната. Тоа може да се потврди и со сценариот и со листингот кој е веќе е објавен, рече Џафери.

За својата и работата на последниот собраниски состав во Кабинетот на Џафери се подготвува извештај, кој ќе биде објавен и ставен на веб страната на Парламентот.

На овој собраниски состав не донесени му останаа околу 150 точки на дневен ред на заостанати седници, меѓу нив закони во прво и во второ читање, автентични толкување, изјаснувања за извештаи и слично.

Би можело да ве интересира

Жерновски-Буриќ: Советот на Европа го поздравува донесувњето на Законот за ЈО

Ана Ололовска

Законот за ЈО за едни чекор напред кон правна држава, за други амнестија за криминалот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Спасовски – Фон Дер Лајен: Честитки за донесувањето на Законот за ЈО

А1он

Брисел ги поздрави одлуките на македонскиот Парламент, сега на ред е ЕУ

Драган Поповски

Рот: Добра вест од нашите пријатели во Северна Македонија

Драган Поповски

Борел: Законот за ЈО е важен чекор за реформските процеси во Северна Македонија

Драган Поповски