Џафери: За одлагање на пописот потребна е политичка одлука

Од:

За да се одложи пописот потребна е политичка одлука, изјави денеска претседателот на Собранието Талат Џафери. Сепак, тој прашува на што би се засновал тој предлог за одлагање на пописот и дали има некаква проценка дека во јуни или во јули ќе заврши пандемијата со Ковид-19 или состојбата ќе биде поинаква.

-Собранието донело Закон за одржување попис. Пропишало рокови за сите и во овој момент сметам дека беспредметно е да се излегува со размислувања вакви или онакви. Ако сметаат дека треба да се одлага, тогаш треба политичка одлука за тоа. Таа политичка одлука треба да се преиначи во законско решение. И за колку време би се одлагало тој попис? Според она што го слушам да се одлага за јуни или јули. На што се заснива тој предлог? Во контекст на Ковид, што би значело тоа. Има некој информација дека во јуни, јули ќе заврши пандемијата па ќе можеме да го спроведеме или пак ќе дојдеме во празнина законска и тогаш уште да влеземе во правен хаос. Што ако не се одржи во јуни или јули ако предусловите се и тогаш како што впрочем и беа за изборите 2020 година оти проценивме јуни-јули ќе биде ситуацијата поинаква. Да, беше поинаква само во негативна конотација, изјави Џафери.

Според него, политичкото искажување како такво не е доволно за одлука.

–Има Закон или ќе се приклучат сите да го извршуваат законот или ќе се случи тоа што најавуваат дека ќе се случи. Едни најавуваат дека собираат потписи, други викаат ќе спроведеме закон, трети викаат некои други предуслови. Тоа е веќе политичка дебата на која јас како претседател на Собранието не би сакал да се вклучам. Надлежностите на Собранието беа да се донесе закон, вели, меѓу другото, Џафери.

Според претседателот на Собранието, Законот за попис овозможува тој да биде соодветно спроведен и секој граѓанин кој ги исполнува условите да биде попишан, а толкувањата во однос на пипадниците на етничките заедници вели дека се прават за политички цели.

-А толкувањето после на резултатите во смислам дали овој би бил толку или оној би бил помалку тоа се веќе коментари кои што се прават за други цели, а тие други цели се секако политички цели. Секој сака да се одржи на власт, и секој сака да дојде на власт. Впрочем тоа е смислата на политичкото организирање. Во смисла на пописот треба да се обезбедат предуслови кој и да ќе дојде на власт бидејќи и тој што ќе биде во опозиција има обврска кон граѓаните да создава предуслови за граѓаните да бидат задоволни со статусот, со правата, со можностите, рече Џафери за МИА.

Во контекст на веќе стекнатите права, додава тој, тие не може да бидат предмет на калкулација по кој било основ затоа што затоа постојат меѓународни правни документи што ги гарантираат индивидуалните права како темелни вредности и колективните, вклучувајќи ги и политичките права на граѓаните.

Би можело да ве интересира

Со законските измени се суспендира инспекцискиот надзор и се создава правна апсурдност и несигурност, реагира опозицијата

Катерина Ѓуровски

Инспекторатите нема да имаат сопствена буџетска сметка, ниту ќе спроведуваат постапки за јавни набавки

Катерина Ѓуровски

Во Собранието седница за пратенички прашања

Составена е листата за членови на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Се зголемија цените во ресторанот во републичкото Собрание и во Владата, но и во Клубот на пратеници

Горан Наумовски

Собранието го изгласа Предлог на законот за изменување на Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство