А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Џафери: За нас не постои друга алтернатива освен полноправно членство во ЕУ и НАТО

by А1он24/10/2019 - 17:58268
Share0

Ако се прашувате како и по кој пат продолжуваме оттука натака, можам одговорно и сигурно да ви кажам – за нас не постои друга алтернатива освен таа што е зацртана од осамостојувањето на земјата, односно полноправно членство во ЕУ и НАТО, уште поревносно продолжување со реформите, за доброто на нашите граѓани, за напредокот и развојот на нашата земја, за Европа во Република Северна Македонија.

Следете a1on на Instagram Instagram

Ова во своето обраќање го истакна претседателот на Собранието на Северна Македонија Талат Џафери на Европската конференција на претседатели на парламенти на тема „Нашиот заеднички европски дом: следните 70 години“ во Стразбур.

Истакна дека за жал земјава не доби датум за почеток на преговорите за членство во ЕУ, нешто што, како што рече, за жал не се оствари и покрај неколкуте последователни извештаи во кои се нотираше позитивниот напредок на Северна Македонија.

– И за време на самитот на ЕУ беше потврдено истото од земјите членки на ЕУ дека ние ја исполнивме доследно нашата домашна задача, меѓутоа тука престанува нашиот маневарски простор (да се изразам војнички). Познат ни е принципот на донесување одлука во ЕУ, односно тоа мора да биде со консензус од сите земји членки. Ако се постави прашање дали аргументите за не доделување датум држат или не, јас ќе се воздржам од коментар, рече Џафери.

Следете a1on на Youtube YouTube

Тој го честиташе одбележувањето на 70-годишнината од основањето на Советот на Европа, водечката организација за човекови права во континентот во која членуваат 47 европски земји.

– Светот во кој што живееме се разликува од светот кога се основал Советот, меѓутоа основите се истите демократски и суштински – владеење на правото и почитување на човековите права и слободи. Сите луѓе, без исклучок имаат право на слободен, достоинствен живот во кој нема да им биде оспорено правото на слободен живот, слобода на движење, работење и творење, остварување на права и фер и еднаков третман пред правосудните органи и државните институции. За тоа да биде така, потребно е да се почитуваат демократските права и принципи кои се одамна востановени и прифатени од земјите потписнички на меѓународните конвенции, рече тој.

Подвлече да не дозволиме да има поделби, да не дозволиме да има граѓани од втор, трет ред затоа што, хранењето на тие демони, подржувањето на нови, своеглави и егоцентрични лидери кои ќе го пренабрегнат општото добро за постигнување на своите егоистични цели, нема да донесе ништо добро за никој.

– Различностите се убави само кога се дел од некој мозаик од кој се составува цела слика во која нема линии на поделби и раздори. Во спротивно, сликата ќе биде тмурна и тажна, полна со болка која знам, на младите генерации не им е позната и се надевам нема да ја запознаат никогаш, меѓутоа, сите ние кои некогаш сме ја вкусиле таа горчина, или пак ја проживеале и ни ја прераскажувале нам нашите татковци или дедовци, имаме морална обврска да не дозволиме да ја почувствуваат ниту сегашните, ниту идните генерации, рече Џафери.

Додаде дека имаме обврска да ги научиме да живеат заедно едни со други, не едни покрај други, да сочувствуваат со радоста, меѓутоа и со болката на другиот затоа што пред се, и над се, сите сме граѓани на овој свет кој, колку и да се чини комплексен и тежок, сепак, ако се постави врз вистинските вредности на взаемна почит и разбирање, може да биде многу едноставен и убав.

– Северна Македонија, нејзините граѓани, државните и јавните институции, политичките чинители на власт и во опозиција, невладиниот сектор и целиот човечки потенцијал, низ сите турбулентни периоди кои се чини дека се составен дел на поднебјето на Балканот, секогаш биле доследни на ратификуваните Универзални конвенции за човекови права и слободи и тие се вградени во Уставот на земјата од нејзиното осамостојување и целосно се почитуваат, затоа што тоа е гаранција за мирот дома, за безбедноста во регионот и пошироко во светот, истакна Џафери.

Подвлече дека земјава работи многу на полето на унапредување и зајакнување на добрососедските односи.

– Веруваме дека, заедно како региони, можеме да испратиме повеќекратни пораки на заедништво и моќ во справување со современите закани кои без селекција тропаат на сечија врата, било да е помала или поголема држава. Глобализацијата, технолошкиот напредок и се пообемното користење на социјалните медиуми како средство за комуникација, ширење на лажни или вистинити информации, креирање на политики и јавно мислење на се пософистицирани начини и методи, бара од нас да истражуваме и наоѓаме поефективни методи за спречување на штетите што може да ги нанесе овој начин на деструктивно однесување. Зачувувањето на тој мир и обезбедувањето на достоинствени услови за живот е наша одговорност, истакна претседателот на Собранието во обраќањето на Европската конференција на претседатели на парламенти во Стразбур.

eu

Би можело да ве интересира

Филипо: Пресудата против „Еуроклеар“ би можела да ја парализира ЕУ

Горан Наумовски18/05/2026 - 14:31

СДСМ: Мицкоски не сака во ЕУ, тој сака власт без контрола и без одговорност

Горан Наумовски15/05/2026 - 08:40

„Гардијан“: Европа мора да се однесува како Кина за да ја преживее ерата на хаосот

Горан Наумовски11/05/2026 - 14:21

Дмитриев: Енергетската криза ги отвори „затворените очи“ на ЕУ

Горан Наумовски08/05/2026 - 14:0908/05/2026 - 14:59

Трамп: ЕУ до јули треба да ги исполни обврските од трговскиот договор

Горан Наумовски08/05/2026 - 13:55

Коста: ЕУ се подготвува за можни разговори со Путин

Горан Наумовски08/05/2026 - 10:32
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто