Џафери во 18 часот ќе ги распише претседателските избори

Од:

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, согласно законските обврски, попладне во 18:00 часот ќе го потпише решението за распишување на претседателските избори, соопштија од неговиот кабинет.

Првиот круг од претседателските избори треба да се одржи на 21 април, а вториот круг на 5 мај.

Согласно Изборниот законик, не треба да поминат повеќе од 90 и не помалку од 70 дена од распишување на изборите до денот на нивно одржување. Мандатот на актуелниот претседател Ѓорѓе Иванов завршува на 12 мај.

Политичките партии досега немаат објавено кандидати за претстојните претседателски избори. Двете најголеми партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ своите кандидати решија да ги избираат преку јавен оглас.

Од СДСМ се уште немаат соопштено дали се пристигнати кандидатури. Генералниот секретар Александар Кирацовски денеска потврди дека процесот е во тек и оти на партиски конгрес на 3 март ќе биде официјалниот избор на кандидатот.

На огласот, пак, на ВМРО-ДПМНЕ пристигнале 10 кандидатури од кои една по истекот на рокот, по што партијата ги објави имињата на кандидатите од кои на конвенција на 16 февруари ќе изберат еден кој ќе влезе во трката за шеф на државата.

Од ДУИ иако велат дека имаат официјален став дека на изборите може да настапат со свој кандидат, сепак, оставаат можност пред истекот на рокот за поднесување на кандидатурите да постигнат и друго решение. ДУИ, вели пратеникотн Џевад Адеми, е комотен има и кандидати и квалитети и опции. И некои од помалите политички партии најавија дека на изборите ќе одат со свои кандидати.

Би можело да ве интересира

Јавна расправа на Уставен: Апасиев обвинува за политичка дискриминација, Џафери тврди дека станува збор само за пропуштен рок

Катерина Ѓуровски

Џафери ќе му ја предаде функцијата, Мицкоски го почнува мандатот

Талат Џафери стави потпис-си дозволи да се вози во службено возило уште една година

Џафери во чест на Курбан Бајрам: Солидарноста ја облагородува душата и му дава вредност на животот

Пратеничката група на Левица бара да се констатира престанок на мандатот на пратеникот Талат Џафери

Џафери: Се врши изборен инжeнеринг за менување на соодносот на силите во Собранието

Предраг Петровиќ