Џафери-Соха: Извонредни билатерални односи, стратешко партнерство меѓу двете држави и успешна соработка

Од:

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери се сретна со Крис Соха, раководител на Службата на Комисијата за односи со странство на Сенатот на САД.

Потенцирајќи ги извонредните билатерални односи, стратешкото партнерство меѓу двете држави и успешната соработка, особено на полето на одбраната, Претседателот Џафери даде краток осврт на актуелната состојба во државата, со акцент на реформскиот процес. Претставникот од Сенатот, Соха упати честитки за храбрите политички чекори за откочување на процесот на евроатлански интеграции и изрази надеж дека, иако постапката за ратификување на пристапните протоколи за членство со Северноатланската договорна организација во Американскиот Сенат е вообичаено долг и сложен процес, во случајот со нашата земја, поради поддршката од голем број сенатори, тој процес би можел да заврши до крајот на годината.

Тој ја повтори и силната поддршка на САД за реформските процеси од нашата ЕУ агенда и понуди размена на искуства за зајакнување на капацитите. Претседателот Џафери упати искрена благодарност за континуираната поддршка на САД за нашите аспирации за целосна интеграција во евроатланските институции и залагањето за зајакнување на владеењето на правото, со надеж дека плодната соработка ќе продолжи и во иднина.

 

Би можело да ве интересира

Захарова: САД ја покажуваат својата агресија поради долговите низ целиот свет

Иран: САД мора да изберат дали сакаат војна или мир

Иран ги предупреди САД: Не можете да прифатите примирје, а потоа вашиот сојузник да почне масакр

Нов Зеланд бара од САД танкери со гориво поради војната на Блискиот Исток

Русија: Неиспровоцираниот напад претрпе тежок пораз

Револуционерната гарда го држи „прстот на чкрапалото“