Џафери: Собранието нема основа за постапка против Богоевски

Од:

Претседателот на Собранието Талат Џафери смета дека нема основа за постапка против пратеникот Павле Богоевски, која е во надлежност на Собранието, информираат од кабинетот на спикерот Џафери.

„Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија секогаш кога според Уставот и Длеовникот на Собранието е должен да постапува, презема конкретни мерки и активности кои се во согласност со неговата надлежност. Во овој момент нема основа за каква било постапка. Претседателот на Собранието очекува дека надлежните институции ќе постапуваат ефикасно и целосно ќе го расчистат случајот“ велат од кабинетот на Џафери.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, пак, побараа оставка од пратеничката функција на Богоевски и најавија дека ќе покренат иницијатива да му се одземе мандатот.

„Богоевски призна дека нелегално купувал наркотични супстанци и го прекршил законот. Како што слушнавме на снимката од анонимен свиркач, Богоевски набавувал кокаин, па прашуваме дали тој има легитимитет како пратеник да одлучува во име на народот. Богоевски треба да одговори од каде вршел набавка, дали ја препродавал дрогата и колку време е корисник на нарко-супстанци. Доколку е чист, уште вчера требаше да направи тест за дроги. Ги повикуваме надлежните институции и ОЈО да покрене постапка и да го затвори случајот, а Заев веднаш да се фати за метлата. Ако нема, еве ние му оставаме една пред Собрание“, изјави пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојановска.

Лавина реакции и повици за оставка на Богоевски следуваа и на социјалните мрежи откако беше објавена аудио снимка со наслов „Павле Богоевски нарачува кокаин“, за која самиот Богоевски потврди дека станува збор за нелегално снимен разговор во такси, кој според него е изваден од контекст бидејќи нарачаувал масло од канабис за лекување на блиска личност.

Г.Н.Р.

Би можело да ве интересира

Левица: Африм Гаши, уценет од ВМРО-ДПМНЕ, илегално ја поништи закажаната Надзорна расправа за Кочани

Собранието ги донесе реформските закони за дигитална трансформација

На 9 јули пратениците ќе расправаат за интерпелацијата за претседателот на Уставниот суд

Здравковски: Охрабрувачки е фокусот на Владата кон младите

Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот без присуство на мнозинството донесе одлука за одржување Надзорна расправа за трагедијата во Кочани

Пратениците ја изгласаа Фискална стратегија на Република Македонија за 2026 – 2030 година

Горан Наумовски