Џафери се сретна со шпанскиот амбасадор Рамона Бароа Каранза

Од:

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери денеска се сретна со амбасадорот на Шпанија во Република Македонија, Бароа Каранза.

Џафери, како што соопшти Кабинетот на претседателот на Собранието, се заблагодарил на честитките по повод неговиот избор за претседател на Собранието што му ги упатил шпанскиот амбасадор, кој патем и му врачил писмо со честитки за неговиот избор директно од претседателот на Парламентот на Кралството Шпанија.

Претседателот на македонското Собрание на средбата ја потенцирал потребата од зајакнување на севкупните политички и економски односи со Кралството Шпанија и изразил надеж дека во таа насока на зајакнување ќе се движи и меѓусебната парламентарна соработка меѓу двете земји.

Исто така, Џафери ја искажал благодарноста за поддршката што ѝ ја дава Шпанија на Република Македонија кон нејзиниот евроатлантски пат и ја истакнал потребата од експертска помош при започнување на преговорите со ЕУ и Република Македонија.

Шпанскиот амбасадор ја истакнал подготвеноста на неговата земја, како и шпанската Влада, да продолжи да нè поддржува кон нашиот евроинтегративен процес како и поддршка на ангажманот кон НАТО и ЕУ.

Тој ја изразил својата надеж дека настаните од 27 април се историја и понатаму ќе се отворат нашите перспективи во духот на европските текови.

На крајот и двајцата соговорници изразиле надеж дека политичката криза во Република Македонија е минато и успешно ќе чекори кон развојот и демократизација на општеството.

Би можело да ве интересира

Шпанскиот премиер распиша предвремени парламентарни избори

А1он

Илјадници Шпанци на улиците поради станбената криза: „Вака повеќе не може“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Страшни поплави во Шпанија: Водата носи се пред себе

ВИДЕО: Полицијата пронашла двајца голи и крвави мажи во собата за мачење во вилата на уапсените Срби

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Шпанската полиција со гумени куршуми и пендреци ги отстранува мигрантите од плажите во Сеута

Предраг Петровиќ

Трамп со жестока порака за Шпанија: „Имате нула контрола врз границите“