Џафери се сретна со претставничката на УНДП во Македонија Луиза Винтон

Од:

Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери денеска оствари средба со претставничката на Програмата за развој на Обединетите нации во Македонија Луиза Винтон.

Винтон, како што информираат од Собранието, изразила очекување за брзо враќање на Собранието како центар на политичките случувања во земјата и заедно со своите соработници, ја искажале поддршката на Обединетите нации, особено на УНДП, кои стојат на располагање со своето долгогодишно искуство и експертиза за поддршка на отвореност на парламентот кон граѓаните, надзорот на парламентот над извршната власт, соработката на парламентот со Омбудсманот, анти-корупциската комисија и другите независни институции, како и одговорноста на парламентот кон граѓаните.

Нагласи дека позитивното искуство на Македонија во градењето на мултиетничка и мултикултурна кохезија, може да најде своја рефлексија и да биде пример во иднина, во делот на рамномерниот регионален развој и еднаквиот пристап до институциите за сите граѓани.

Претседателот Џафери, искажал уверување дека потребно е враќање кон демократските принципи во институциите на системот и довербата во Собранието на Република Македонија, почитувањето на поделба на власта.

Соговорниците, како што се наведува во соопштението, изразиле согласност дека Собранието ќе има своја улога во спроведување на препораките од групата на високи експерти на Европската комисија во делот на владеењето на правото, демократијата и човековите права, што може да послужи како основ за заедничка соработка во иднина.

Џафери, исто така, информирал дека како поранешен министер за одбрана, бил потписник и активно се залагал за примена на Резолуцијата 1325 на Обединетите нации, која треба да обезбеди зголемено учество на жените на национално, регионално и меѓународно ниво.

Во таа насока, Винтон изразила надеж дека Собранието на Република Македонија до крајот на оваа година, ќе ја ратификува таканаречената Истанбулска конвенција на Советот на Европа за спречување и борба против насилство врз жените и семејно насилство, за што УНДП стои на располагање да обезбеди информации пред нејзината ратификација.

На средбата, како што се наведува во соопштението од Собранието, биле изразени заложби и подготвеност за интензивирање на заедничката соработка.

Би можело да ве интересира

Џафери: Избори кои ќе го одредат правецот на земјата

Катерина Ѓуровски

Ангелов: Џафери не може да ме разреши сам, средба со него во овој момент е излишна

Орце Костов

Џафери: Владата има обврска да спроведува закони, затоа ги усогласивме коефициентите за плата

Орце Костов

Џафери: Прописите се јасни за ограничувањата за функционерите при користење ресурси

Џафери за новите автомобили: Лизингот е поевтино решение, ако останат во Владата одржувањето ќе биде скапо

Орце Костов

Џафери: Законот е јасен дека треба да има врзан потпис