Џафери се сретна со косовскиот амбасадор Хиса

Од:

Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска имаше средба со косовскиот амбасадор Илбер Хиса на која станало збор за актуелните политички ситуации во Македонија и во Косово и за потребата за соработка меѓу двете земји.

Амбасадорот Хиса, како што стои во соопштението, му ја честитал новата функција на претседателот на Собранието Џафери и уште еднаш потврдила дека Косово ќе продолжи и понатаму да и дава институционална поддршка на Република Македонија.

– Претседателот Џафери, му се заблагодари на амбасадорот Хиса, за неговата посета изразувајќи задоволство и подготвеност за натамошно продлабочување на заемната соработка. Двајцата соговорници истакнаа дека пријателските односи меѓу двете соседни земји имаат позитивно влијание и се значајни фактори за економскиот развој и стабилноста во регионот, се наведува во соопштението.

Би можело да ве интересира

Османи го распушти Собранието, Косово оди на избори

Горан Наумовски

Одаловиќ: Органи на Срби од Косово се продавани во странство

Вучиќ: Загрозени сме од воениот сојуз на Хрватска, Албанија и Косово, ќе ја браниме нашата територија

Катерина Ѓуровски

Симиќ: Во експозето на Курти нема Срби, ниту пак правата што ни се гарантираат со Устав не ни се загарантирани

Избрана нова влада во Приштина, Курти е премиер по трет пат

Курти го претстави составот на новата косовска влада, Ненад Рашиќ е предложен и за министер