Џафери се сретна со косовскиот амбасадор Дедај: Потребна е соработак во насока на олеснување на движењето на луѓето и стоки

Од:

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, денеска оствари средба со новоименуваниот амбасадор на Република Косово во Република Македонија, Ѓерѓ Дедај.

Џафери, на почетокот на средбата, му посака топло добредојде и успешен мандат во Република Македонија на новоименуваниот амбасадор Дедај и изрази верба дека и отсега ќе се продолжи со воспоставената одлична соработка помеѓу двете земји кои се и непосредни соседи. Претседателот на Собранието наведе дека соработката треба да оди во насока на олеснување на движењето на луѓето и прометот на стоки и истакна дека треба да се охрабри соработката со цел што побрза реализација на започнатите проекти и очекуваната заедничка седница на Владите на двете држави.

Амбасадорот Дедај, откако се заблагодари за приемот, искрено рече дека неговиот избор за извршување на оваа функција во Република Македонија му причинува особено задоволство, бидејќи мисли дека има многу што да придонесе во понатамошно развивање и продлабочување на односите помеѓу нашите две земји кои се наоѓаат пред многу значајни предизвици, пред исполнување на заеднички стратешки цели, а тоа е полноправното интегрирање во структурите на НАТО и Европската Унија и тоа е онаа цел која ќе помогне регионот да има стабилност, неоптоварени добрососедски односи и развиена регионална соработка.

Двајцата соговорници се согласија дека полето на соработка е навистина бескрајно и нивната обврска ќе биде тоа да се искористи до максимум.

Би можело да ве интересира

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

Курти: Во буџетот за 2027 година ќе бидат издвоени средства за поддршка на четворица поранешни лидери на ОВК

А1он

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

(ВИДЕО) Момче од Косово собори Гинисов рекорд со удирање пинг-понг топче вo ѕид

А1он

ВИДЕО: Јустина Широка-Пуља е избрана за претседателка на Косово

Тренерот на Австрија изненаден од теренот во Косово: „Ова е ливада“