Џафери се сретна со германскиот амбасадор во Македонија, Герберих

Од:

Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери денеска оствари средба со новоименуваниот, вонреден и ополномоштен амбасадор на Сојузна Република Германија во Република Македонија Томас Норберт Герберих.

Џафери, како што соопшти собраниската служба за информирање, ги поздравил традиционално блиските и континуирани односи меѓу двете држави и меѓу двата парламента, изразувајќи надеж за интензивирање и продлабочување на соработката во иднина. – Германија е наш искрен пријател, кој ја поддржува Република Македонија и нејзиниот политички живот во земјата, како и нејзините евроатлански интеграции, истакнал Џафери.

Амбасадорот Герберих ја поздравил политиката на отворени врати на државните институции и на Собранието на Република Македонија. Притоа, искажал одушевеност од брзото пристапување на актуелното раководство во решавање на прашањата врзани со надворешната политика, особено во однос на Република Бугарија и Република Грција, за што упатил искрени честитки, бидејќи како што нагласил, на Република Македонија се гледа како локомотива во регионот за придвижување на соработката меѓу соседните земји.

Во однос на спроведувањето на внатрешните реформи кои налагаат и создавање материјални услови за нивна реализација, особено создавање предуслови за младите да не ја напуштаат државата, Амбасадорот Герберих понудил финансиска и политичка поддршка од Република Германија за сите реформаторски процеси во Република Македонија.

На средбата била особено поздравена иницијативата согласно Берлинскиот процес за основање на младинската организација РИКО, со седиште во Тирана, по француско – германскиот модел, чија цел е преку заеднички проекти да ги приближи младите во регионот да соработуваат поблиску, да ги надминат предрасудите и на тој начин да изградат заедничка иднина во регионот, што ќе води кон негова побрза евроатланска интеграција.

Би можело да ве интересира

Мерц: Долготрајната војна не е во интерес на Германија

Британија, Франција и Германија: Може да преземеме неопходни одбранбени мерки против Иран

Нова главоболка за Мерц: Зелените бараат итна истрага за „германска поврзаност“ во аферата Епштајн

Кина ги престигна САД

Лидерката на германската десница: Мирот во Европа е можен само со Русија, Британците се виновни за крвопролевањето

Мерц: Нема да дозволиме AfD да ни ја уништи земјата