Џафери се премисли откако доби внук, нема да има продолжение на конститутивната седница

Од:

Претседавачот со конститутивната седница, Талат Џафери се предомисли и не го закажа продолжението на седницата и покрај неговите вчерашни најави. Од Кабинетот на Џафери велат дека претседавачот се предомислил поради објективни семејни причини.

„Претседавачот со конститутивната седница, поради објективни семејни причини, денеска нема да го закаже продолжението на седницата. Кога ќе има дополнителни информации, во однос на терминот, ќе ве информираме“, велат од Кабинетот на Џафери.

Најверојатно, ако се толкува причината на која се повикуваат од кабинетот, Џафери се откажа од намерата откако вчера неговата ќерка Бесиана доби син, а за тоа, Џафери објави на социјалните мрежи. Под објавата, меѓу бројните честитки е и онаа од лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Џафери вчера кажа дека побарал од собраниските служби да направат подготовки за одржување на конститутивната седница, бидејќи според него, штом Пендаровски му го доделува мандатот на Заев, тогаш, СДСМ и коалицијата „Можеме“ веќе имаат и мнозинство во Собранието.

Би можело да ве интересира

За измените на Законот за јавни набавки поднесени 2.158 амандмани, ВМРО-ДПМНЕ бара бришење на членот оспорен од претседателката Сиљановска Давкова

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Божиновска

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски