Џафери-Река: Стабилноста во Македонија важен сегмент за севкупната стабилност на регионот

Од:

Во регионот успешни може да бидат само конфронтациите на конструктивни политички концепти, додека секоја друга идеја за меѓудржавни, меѓуетнички и меѓунационални конфликти однапред се „осудени“ како неуспешни проекти, констатираа денеска на првата официјална средба претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафер и амбасадорот на Република Албанија во Република Македонија Фатос Река.

Река му ја честита новата функција на Џафери, оценувајќи дека со неговиот избор за спикер е направен многу важен чекор во стабилизацијата на политичките состојби во Република Македонија.

– Стабилноста во Република Македонија е важен сегмент од севкупната стабилност на регионот на Западен Балкан, стабилност која произведува позитивен моментум во европската интеграција на сите земји од овој регион, е заедничката оценка.

Амбасадорот ја подвлече неопходноста од задржување на континуитетот на добрите и пријателски односи на двете држави, за што верува, како што нагласи, дека ќе биде задржан позитивниот тренд на добрососедските односи. Воедно ја реафирмираше силната поддршка на евратлантската интеграција на Република Македонија за која, рече, Албанија, како земја-членка на НАТО ќе продолжи и понатаму да и ја дава на Македонија.

На внатрешен план, додаде Река, Албанија и натаму ќе посветува особено внимание на планот на државната политика на обезбедување уставни и законски гаранции за статусот на македонското и на сите други малцинства во Република Албанија.

Претседателот на Собранието Џафери изрази уверување дека континуитетот на пријателските меѓудржавни односи ќе продолжат со интензивно темпо и се заблагодари за поддршката за НАТО-интеграцијата на Македонија која, според него, доаѓа од држава непосреден сосед што во овој сензитивен период за целиот регион високо се почитува и е повеќе од добредојдена.

Би можело да ве интересира

Собранието го изгласа Законот за прекршоци – стартува проектот „Безбеден град“

Гаши: Собранието мора да ја засили контролата врз работата на Владата

На седница на Собранието измените на Кривичниот законик

Левица: Пратениците повторно испумпаа 14,4 милиони за патни трошоци, ние нема да учествуваме во овој грабеж

Горан Наумовски

Собранието со 73 гласа „за“ го донесе Законот за Судски совет

Горан Наумовски

Мицкоски: Во фаза на потврда сме на три многу важни странски инвестиции – германска, грчка и турска во вредност од околу 120 милиони евра и 1.500 нови вработувања