(ВИДЕО) Џафери реагираше зошто пратеничка викна „Бујарее“: Маричиќ не го прашувам, бидејќи освен бифтеци, друго не го интересира

Од:

Пратеничката Жаклина Пешевска од ВМРО-ДПМНЕ постави низа прашања до министерот Бујар Османи, премиерот Димитар Ковачевски и пратениците од помалите партии дел од владината коалиција. Прашање немаше само за вицепремиерот Маричиќ за кого рече: „Него освен бифтеци не го интересира ништо друго“. Прашањето до Мисовски, Мираковска и Панчо Минов беше дали ќе гласа за предлогот за уште некоја функција, а Мартин Костовски доби прашање: „Ќе го гласате ли овој предлог во замена за ослободување од гонење поради Законот за јазици кој го објавивте без потпис на претседателот?“. Таа смета дека пратениците се пазарат. На седницата продолжи праксата со кинење на листовите на кој е францускиот предлог.

dobivaj vesti na viber

„Собранието е параван на оваа Влада и купување на време за да ја подели одговорноста со нас, пратениците, за документи за кои не сме консултирани, прашани туку брутално заобиколени. Информации дознававме од Бугарија. Оваа Влада не покажа државничко однесување за заштита на државните интереси. Молчеше кога Бугарија имаше територијални претензии кон Македонија. За сето ова, можам да ви порачам дека за да ве ценат и почитуваат другите, треба да се цените и почитувате самите себе. Вие се потценивте лично, но и народот. Поништивте малцинство во Грција, сега во Бугарија“, рече Пешевска.

Таа го праша министерот Бујар Османи: „Ти Бујаре, што направи за земјата која ти понуди се? Детство, образование, функции“, па беше прекината од Талат Џафери кој и рече: „Жаклина, министерот има име и презиме, ако не, ќе му се обраќаш со име и презиме. Коректно ако треба да бидеме. Министерот за надворешни работи е Бујар Османи, а не ти Бујарее“.

Пратеничката имаше прашање и до премиерот Ковачевски: „Дали ќе дозволите да бидете премиер на Чакаларовци или генерација на Јуди, бидејќи Јуда и по 2022 лета господови, останаа предавник и ништо друго“.

„Маричиќ не е тука и не го прашувам, бидејќи освен бифтеци, ништо друго не го интересира“, констатираше Пешевска.

На крајот од обраќањето, пратеничката ја праша и претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен: „Дали би потпишала договор со кој би се довел во прашање нејзиниот идентитет и јазик?“

„Со овој лист хартија, ќе ја погребате Република Македонија“, додаде таа.

Би можело да ве интересира

Митрески: Македонската иднина е европска, со македонски јазик, култура, идентитет и историска посебност

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Јанушев: Даре, те гледам во очи и ти кажувам дека си однароден мрсник, бугарски

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Стојаноска до СДСМ: Вашето гласање ќе има важност колку една обична бугарска прдешка

Ана Ололовска

ВИДЕО: СДСМ и сите партии на Албанците ги изгласаа заклучоците за францускиот предлог

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Николоски: Прифаќањето на бугарските барања е најголемо предавство во независна Македонија

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Калеска Ванчева: Најголемата грешка на ВМРО-ДПМНЕ е што сакаше со лаги да ги злоупотреби граѓаните

Ана Ололовска