Џафери реагира на истражувањето на „А1он“ за кириите на пратениците, загрозена им била безбедноста

Од:

Претседателот на Собранието Талат Џафери реагира на објавената истражувачка сторија на „А1он“, во која беше обелоденето дека дел од пратениците кои изнајмуваат станови под кирија за 400 евра од буџетот на Собранието, истите ги изнајмуваат од свои роднини и пријатели, а за дел од нив се отворија сомнежи дали воопшто живеат во становите.

Реакцијата од Собранието ја пренесуваме во целост:

Во врска со денешниот текст на порталот А1он.мк, кој се однесува на условите и начинот на кој пратениците во Собранието на Република Северна Македонија добиваат надоместок за закупнина на стан, сакам да ја информирам јавноста дека: Пратениците во Собранието на Република Северна Македонија надоместоците за закупнина на стан и за користење на автомобил во лична сопственост за службени цели ги добиваат согласно Законот за пратеници и Одлуката за утврдување на висината на надоместокот за закупнина на стан, донесена од Комисијата за прашања на изборите и именувањата, врз основа на член 31 од Законот за пратеници. Во одлуката јасно се дефинирани условите под кои пратениците што живеат надвор од територијата на град Скопје можат да изнајмат стан во Скопје, доколку не користат надоместок за користење на автомобил во лична сопственост за службени цели. Сите пратеници во Собранието на Република Северна Македонија што во моментов добиваат надоместок за закупнина на стан, ги исполнуваат условите што се предвидени во таа Одлука.

Оттука, како претседател на Собранието на Република Северна Македонија, го разбирам интересот на медиумите за еден вид контрола на трошењето на буџетските средства, но истовремено апелирам да се внимава на приватноста и на безбедноста на пратениците. Република Северна Македонија е парламентарна демократија, претставена од пратеници кои ги избираат граѓаните на општи, непосредни и слободни избори. Доколку како држава сакаме граѓаните на Република Северна Македонија да бидат рамноправно и подеднакво застапени во Собранието, тогаш пратениците коишто доаѓаат надвор од територијата на град Скопје мора да добиваат одреден надоместок за трошоците што ги имаат поради оддалеченоста на нивното место на живеење од град Скопје.

Редакцискиот коментар на „А1он“ до Џафери може да го прочитате на следниот линк.

Би можело да ве интересира

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

Катерина Ѓуровски

Предлог одлуката за разрешување на Коцевски пристигна во Собранието

Горан Наумовски

Собранието го донесе Буџетот за 2026 година

Се гонат само поранешни функционери, големите остануваат над законот, порачаа родителите на Комисијата за „Пулс“

Дополнетиот Предлог-буџет на пленарна седница

Собранието осветлено во портокалово во поддршка на кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство“