Џафери: Продолжената вонредна состојба е доволно време за лидерите да најдат консензус за изборите

Од:

Претседателот на Собрание во заминување, Талат Џафери, по состанокот на Советот за безбедност кај претседателот Пендаровски, посочи дека новите 14 дена вонредна состојба политичките лидери треба да ги искористат за да најдат консензус во однос на датумот за изборите. Тој кажа дека дека ваквата состојба не може да трае до недоглед.

„Општата констатација е дека е потребно дополнително да се продолжи вонредната состојба. Мислам дека ова време за кое што ќе се продолжи вонредната состојба, ќе биде доволно дополнително време лидерите да го искористат за да изнајдат консензус за да одат на предвремени избори. Апелирам до лидерите ова време да го искористат за директна или индиректна комуникација, да смогнат сили и во интерес на граѓаните. Според правилата, Собранието може да го врати само граѓанинот“, рече Џафери.

Тој посочи дека изборниот циклус нема да биде како претходните, но, граѓаните мора да научат да живеат со оваа состојба.

„Условите за граѓаните нема да бидат како во претходните циклуси, но ние мора да научиме, сите поединечно како граѓани и субјекти политички, да живееме со појава која според прогнозите ќе потрае. Не можеме да останеме до недоглед со нерешена ситуација. Како на резултат одлука на лидерите, од октомври минатата година, да се оди на предвремени избори, Собранието ја испочитува и низ процедурална постапка ја спроведе одлуката и ги спроведе сите процедури за избор на техничка Влада сто дека пред изборите, да се распушти времето во соодветно време за да се обезбедат 60 дена, како што Уставот прецизира и во тој контекст, сите ние се најдовме во една состојба поради вирусот и таа се дефинира како вонредна“, рече Џафери.

Би можело да ве интересира

Јавна расправа на Уставен: Апасиев обвинува за политичка дискриминација, Џафери тврди дека станува збор само за пропуштен рок

Катерина Ѓуровски

Џафери ќе му ја предаде функцијата, Мицкоски го почнува мандатот

Талат Џафери стави потпис-си дозволи да се вози во службено возило уште една година

Џафери во чест на Курбан Бајрам: Солидарноста ја облагородува душата и му дава вредност на животот

Пратеничката група на Левица бара да се констатира престанок на мандатот на пратеникот Талат Џафери

Џафери: Се врши изборен инжeнеринг за менување на соодносот на силите во Собранието

Предраг Петровиќ