Џафери препозна пет лица кои учествувале во насилствата во Парламентот

Од:

Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска во судницата препозна пет лица кои учествувале во насилствата во Парламентот на 27 април минатата година.

Тој ги препозна Стојан Павлевски, Андреј Мицов, Николче Димитриевски, Кире Ѓорѓиевски и Оливер Ошаковски. Џафери посочи дека тие меѓу првите влегле во прес-центарот на Собранието на Република Македонија и ги нападнале пратениците.

Претходно, Џафери кој денеска во Кривичниот суд сведочеше за нападот врз пратеникот и лидер на Алијансата за Албанците Зијадин Села во Парламентот на 27 април рече дека лицата кои насилно влегле во Собранието и собранискиот прес-центар се заканувале дека ќе ги убијат сите и оти никој нема излезе.

Денешното рочиште за нападот врз пратеникот и лидер на Алијансата за Албанците Зијадин Села, продолжи со сведочење на министерот за информатичко општество и јавна администрација Дамјан Манчевски, а по него на прашања на обвинителите и на одбраната треба да одговара и пратеникот Александар Кирацовски.

Би можело да ве интересира

Собранието ќе ги констатира оставките на Бислимовски и на Ристовска и ќе избере нов уставен судија

Гаши апелира за достоинствена и етичка комуникација во Собранието

Собранието в среда ќе ги констатира оставките на Бислимовски и Ристовска и ќе избира нов уставен судија

Албуљена Хаџиу избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието го изгласа Законот за прекршоци – стартува проектот „Безбеден град“

Гаши: Собранието мора да ја засили контролата врз работата на Владата