Џафери: Потпишувањето на указот за Иванов не е алтернатива, туку обврска

Од:

Се очекува законот за јазиците да стапи на сила и со тоа да се заокружи нормативниот дел што произлегува од Охридскиот договор, вели претседателот на Собранието Талат Џафери во интервју за „Гласот на Америка“.

Најавата на претседателот Ѓорге Иванов да не го потпише указот Џафери го оценува како неспроведување на уставните обврски.

„Уставот не остава можност за алтернатива дали ќе го потпише законот или не, туку тоа е обврска во согласнот на член 75 од Уставот. Моментално чекам да помине предвиденото време. Доколку во првиот случај предвидениот рок е седум дена, со аналогија и во овој сучај треба да е исто. А поради тоа што произлегува како обврска, и обврската нема рокови и Уставот не предвидува рокови за применување на истото. Значи дека тоа е негова обврска“, рече Џафери.

Во однос на инцидентот поттикнат од поранешниот премиер Никола Греувски во текот на гласањето на законот за јазиците, Џафери посочува дека според деловникот на Собранието не се предвидуваат некакви казнени санкции за однесувањето на пратениците во собраниската сала.

„Поради ова сметам дека не треба да се мисли во таа насока, бидејќи за пратениците единствена одговороност е моралната и политичката одговорност која се израсува на парламентарни избори. Јасна е сликата и која е казната за Никола Груевски на парламентарните избори во 2016 и на локалните избори во 2017“, посочува Џафери.

Во однос на тоа дека ВМРО-ДПМНЕ ќе покрене интерпелација за него во однос на начинот на гласање за законот за јазици, Џафери вели дека ВМРО-ДПМНЕ го избрала медиумскиот пат за комуникација и дека во Собранието немаат поднеесно никаков материјал во врска со тоа.

Во однос на заканувачките собири пред куќите на пратениците од СДСМ, Џафери смета дека во моментот кога правото за протест се претвара во насилство и го загрозува животот на некого тоа веќе не е протест.

„Тоа е казниво дело и е одговорност на соодветните институции, кои мора да го обезбедат животот и имотот не само на пратениците, туку и на секој граѓанин во Република Македонија“, вели Џафери во интервју за „Гласот на Америка„.

Според него овој начин на однесување може да има негативно влијание врз одлуките на Брисел за почнување на преговори со Македонија за членство во ЕУ.

Би можело да ве интересира

На 29 јули интерпелација за републичкиот јавен обвинител – Љупчо Коцевски

А1он

Пратениците дебатираат за ребалансот на Буџетот за 2025 година

Утре на пленарна седница ќе биде дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2025 година

Собранието ќе одлучува за дополнетиот ребаланс на Буџетот одобрен од Владата

Мицевски: Владата има луѓе, има механизација сега и се справува со сите можни и неможни позиции коишто ги има

Левица: Африм Гаши, уценет од ВМРО-ДПМНЕ, илегално ја поништи закажаната Надзорна расправа за Кочани