Џафери оствари средба со поранешниот хрватски претседател Месиќ

Од:

Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска се сретна со поранешниот хрватски претседател Стипе Месиќ кој присуствуваше на одбележувањето на 15-годишнината од трагичната смрт на поранешниот претседател Борис Трајковски.

Собраниската прес-служба информира дека Месиќ го пофалил чекорот што го презела државата со потпишувањето на Преспанскиот договор со кој се овозможило деблокирање на евроатланските интеграциски процеси, односно се отворил патот кон полноправно членство во НАТО, кое според најоптимистичките предвидувања, би се случило кон крајот на јуни годинава, како и патот кон добивање датум за отворање на пристапните преговори со ЕУ.

Џафери го информирал соговорникот дека во тек е ратификацијата на Протоколот за пристапување во НАТО во националните парламенти и оти досега тоа го сториле Словенија, Албанија, Бугарија, а при крај на неделава се очекува тоа да го направат и Црна Гора и Хрватска.

Двајцата соговорници ја потенцирале важноста од зајакнување на економската и трговска соработка меѓу земјите во регионот.

Би можело да ве интересира

Драма над Хрватска: „Рафал“ пресретна авион по дојава за бомба

Хрватски „Рафал“ пресретна авион на „Финер“ означен како потенцијална закана

ВИДЕО: Торцида пееше: „Ана Франк не е светица. Таа е еврејска ку*ва

(ВИДЕО) Скандал во Хрватска: „Аушвиц, Аушвиц“, „Стани, Адолф“ и „Газете ги Евреите“

Драма над Хрватска: Авион полн со патници испрати сигнал за киднапирање,веднаш беа кренати ловци „Рафал“

Истрага: Хрватска европратеничка ги доведе пријателите во Стразбур и потроши над 1.000 евра за вечера во елитни ресторани

А1он