Џафери очекува решение за 35.000 амандмани на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери очекува во наредните денови да се најде решение за над 35-те илјади амандмани на Законот за употреба на јазиците поднесени од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

– Комуницирам со претставници на пратеничките групи вклучувајќи ја и ВМРО-ДПМНЕ. Мислам дека сме блиску до решение, рече Џафери на денешната средба со новинарите во Собранието.

Целта, како што наведе, е да се избегне блокада на Собранието. Процедурално, како што кажа, тој нема да дозволи да се случи блокада во законодавниот дом.

Прашан дали решение би било да се расправа за амандманите на ВМРО-ДПМНЕ, Џафери рече дека отворањето дебата за нив би значело блокада на работата на Собранието.

За Законот за јазиците станало збор и на средбите со тројцата европратеници Иво Вајгл, Кнут Флекенштајн и Едуард Кукан, кои се иницијатори на разговорите во рамки на Жан Моне процесот.

Првата средба со претставници на парламентарните партии, вклучувајќи ја и ВМРО-ДПМНЕ се очкеува да биде одржана на 15 март, но доколку не се обезбеди присуство на еврокомесарот Јоханес Хан и експерти, разговорите би можеле да бидат одложени за мај.

Џафери смета дека наскоро опозицијата би можела да се вклучи повторно во работата на Собранието.

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Божиновска

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски