(ВИДЕО) Џафери: Немам сомнеж, ќе гласам за одземање на мандатот на Груевски

Од:

На брифингот со новинарите, претседателот на Собранието, Талат Џафери изјави дека на првата седница која може да се очекува да биде закажана после 7 јуни, на дневен ред ќе биде ставено одземањето на мандатот на Никола Груевски, кој 6 месеци не присуствува на работа во Собранието.

„Како претседател на Собранието должен сум точката на дневен ред да ја ставам на следната седница. Истовремено нема законска пречка на истата седница да се расправа и за реконструкцијата на владиниот кабинет и доколку стигне предлог од Владата за смена на министри. Овие две прашања ќе се разгледуваат на истата седница“, рече Џафери.

Тој не сакаше да го коментира ставот на ВМРО-ДПМНЕ, од каде вчера истакнаа дека добиениот азил на Груевски не може да се смета како неоправдано отсуство. Џафери кусо одговори дека не сака да коментира политички одлуки, ниту пак сака да коментира како пратеничката група ќе гласа по ова прашање. Според Џафери, доколку пратениците од ВМРО-ДПМНЕ не гласаат за одземање на мандатот тие ќе мора одговорноста да ја сносат на своите гласачи на избори.

Во однос на одземање на мандатот на Груевски, Џафери вели дека Уставот предвидува оти може да му се одземе мандатот, но за тоа има соодветна процедура и услови кои треба да бидат исполнети. Во собраниска процедура, мандатот ќе биде одземен ако за тоа се изјаснат пратениците со 2/3 мнозинство.

Во однос на платата, доколку не му биде одземен мандатот, законот пропишува дека Груевски и понатаму останува пратеник, но нема да зема плата туку само ќе му бидат платени придонесите до крајот на мандатот.

За отсуство од работа, претседателот на Собранието може да казни пратеник со 5 проценти од платата. Таа казна може да достигне најмногу 35 проценти од платата.

Нивинарите го прашаа Џафери дека ќе се сретне со Груевски на 25 јуни, кога ќе присуствува на ратификацијата на протоколот за НАТО во Будимпешта.

„Немам потреба да се оптоварувам со него. Тоа не е во моја надлежност, ниту во интерес на државата“, рече Џафери.

Во однос на тоа како тој ќе гласа за одземање на мандатот, Џафери одговори дека ќе гласа „за“.

„Факт е дека шест месеци не доаѓа на работа и немам дилема“, изјави Џафери.

Габриела Димковиќ-Мишевска

Би можело да ве интересира

Собранието в среда ќе ги констатира оставките на Бислимовски и Ристовска и ќе избира нов уставен судија

Албуљена Хаџиу избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието го изгласа Законот за прекршоци – стартува проектот „Безбеден град“

Гаши: Собранието мора да ја засили контролата врз работата на Владата

На седница на Собранието измените на Кривичниот законик

Левица: Пратениците повторно испумпаа 14,4 милиони за патни трошоци, ние нема да учествуваме во овој грабеж

Горан Наумовски