Џафери: Нема да ставам потпис под нечие друго име

Од:

Претседателот на Собранието, Талат Џафери побарал средба со претседателот Иванов. Одговор не добил, но вели дека се бара решение за законот за јазиците да стапи во сила.

Тој не открива кои се можните решенија, но вели дека ќе се прифати она што е најприближно до процедурите.

– Јас нема да се впуштам да ставам потпис на нечие друго име, рече Џафери на брифинг со новинарите.

Џафери повтори дека должност и обврска на претседателот Иванов е да го потпише законот по второто гласање и дека со неговото однесување го крши Уставот.

Галена Николовска Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска