Џафери не очекува договор за отворените прашања за Деловникот во рамки на процесот „Жан Моне“

Од:

Измените на Деловникот за работа на Собранието најверојатно ќе треба да ги донесе следниот парламентарен состав. Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска на средба со новинарите кажа дека очекува напредок, но не и дека очекува да биде постигнат договор за отворените прашања за Деловникот во рамки на средбата на процесот Жан Моне, што утре и задутре ќе се одржи во Парламентот.

Средбата ќе се одржи со новите европратеници известувачот на Европскиот парламент за земјава, Илхан Ќучук, и европратениците Андреас Шиедер и Марион Валсман.

Џафери информираше дека се спорни прашањата за промена на името на државата во Деловникот, начинот на избор на Генералниот секретар на Собранието, а исто така се бара двотретинско мнозинство за гласање на потребата за донесување на законите по скратена постапка, а ќе се разговара и за календар за работа на Собранието. За двотретинско мнозинство за законите по скратена постапка, Џафери вели дека е спорно и неуставно, но исто така дека кај нас е проблем воспоставување календар за работа на Парламентот од повеќе причини, но најважното е дека нашето Собрание е во постојано заседание.

Ќучук, Шиедер и Валсман ќе имаат средба со лидерите на политичките партии СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, ДПА, Алијанса на Албанците, Алтернатива и Беса, но и со евроамбасадорот Самуел Жбогар.

Европратениците и Џафери в сабота ќе одржат прес-конференција на која ќе информираат за исходот од разговорите на оваа трета средба во рамки на процесот „Жан Моне“.

„Жан Моне“ процесот е алатка на Европскиот парламент во областа на парламентарната медијација и поддршка на демократијата во ЕУ.

Би можело да ве интересира

Законот за бранители не пројде на дневен ред во Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања

Пратениците ги изгласаа измените и дополнувањето на Законот за работни односи

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН не се откажуваат од патни трошоци

Трагичната смрт на Фросина ги размрда партиите, во Собрание расправа за поголема безбедност во сообраќајот

Во Собранието в петок јавна расправа за законски измени за безбедноста во сообраќајот

Со законските измени се суспендира инспекцискиот надзор и се создава правна апсурдност и несигурност, реагира опозицијата

Катерина Ѓуровски